Nokia N880
Иако официјално Nokia се уште ќути, наследникот на славниот интернет таблет Nokia 770 е веќе насекаде по интернетов. Се работи за надградена верзија на 770 со целосно нов изглед, нормално и N880 работи на GNU/Linux дистрибуција базирана на Debian. Подобрувањата од она што можев да го видам досега (во недостиг на официјални спецификации) се највеќе во хардверскиот дел. Нов побрз процесор (320MHz), повеќе меморија (128 РАМ и 256 флеш меморија) и како замена за MMC-RSC слотот N880 доаѓа со два слота за SD мемориски картички. Бонус опција, камера на извлекување од левата страна на уредот. Цената би требало да биде 399$.
Ова морам да го купам.
Повеќе слики има тука.







Дамјан http://softver.org.mk/damjan/
јануари 9th, 2007 at 17:32„Ова морам да го купам.“
така викаше и за 770-ката
Арангел Ангов http://www.linux.net.mk
јануари 14th, 2007 at 17:23Само има една разлика.. ова стварно ќе го купам!
Скара, пиво, линукс #2 | Архива на блогот | Стигна Нокиата. :D http://ufo.linux.net.mk/archives/213
април 18th, 2007 at 15:01[...] и да пробам се друго што е достапно за инсталација. Сум пишувал и претходно за уредов ама еве ај пак да кажам. Работи на Debian GNU/Linux, ARM [...]