Локализација на N800

Најдов малку време да инсталирам Scratchbox и да генерирам македонско locale за нокиата. Сега можам да ги користам сите македонски преводи, како на пример оној на pidgin, на нокиата. Можно е да направам и .deb пакет и да го закачам на сајтот на Maemo ако случајно некој друг има или планира да купи N800, да не поминува низ истите маки. 

Еве како изгледа едноставно програмче за уредување на текст преведено, на македонски:

Валјда ќе следи и кратко упатство со .deb пакетот, кога ќе решам да го направам.

Кажи си:

Полињата обележани со * се потребни
Адресата за е-пошта нема да биде објавена




GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.