For the padawans
An apprentice Jedi undergoes intensive one-on-one training under a Jedi Knight or Master after graduating from the academy. As tradition a human Padawan grows a long strand of braided hair that is finally cut off during the ceremony of knighthood, when a Padawan becomes a Jedi Knight.
И да продолжам понатаму со неколку објаснувања околу конфузијата (која што ја направи а и моментално се наоѓа во неа очигледно), Би.
…Знаете ми се допаѓа што нешто размрдав во однос на размислувањата за CC, слободниот софтвер и слободната култура иако не ми беше целта бесплатен маркетинг. Но сепак мислам дека никој не ја разбра поентата за која јас зборував…
Проблемот е што ти не ја разбираш поентата од самиот почеток. Ама пошто не сме шупци како што сме „изгледале“ ќе се обидам да ти објаснам се што не ти е јасно исто како што се понудив и пред некој ден на jabber.
…Арангел (кој мисли дека требало да го прочитам манифестот пред да го користам терминот слободен софтвер и кој во коментарот ми објасни дека тоа се 5 луѓе – што подоцна беше контрадиктирано со изјавата на Дамјан, но за тоа потоа)…
Ми ги извртуваш речениците за да го видиш она што сакаш да го видиш во нив. Реков дека е фино да прашаш некој на jabber, да испратиш порака или па дури и да се јавиш и да прашаш зашто некој не дошол на настанот за CC пред да просереш на блог нешто што нема никаква врска со реалноста.
…Но јас приметив несогласување во однос на тој термин помеѓу самите луѓе тука, кои јас ги сметам за некаков дел од таа заедница (ко шо вика Дамјан). Арангел и Игор кажаа дека има само 5 официјални члена и дека само тие можат да се претставуваат како членови на 2С.мк. а потоа Дамјан кажа дека сите се дел од заедницата…
Сакав да ја исклучам 2С.мк од изјавите/прашањата на Божидар, не ми беше целта да ја делам заедницата на 2С.мк и не-2С.мк, значи пак нешто што ти си го интерпретираш погрешно и повторно продолжуваш да си правиш филмови. Прочитај уште еднаш убаво што напишал Дамјан во врска со ова и можеби ќе ти стане јасно.
…Тоа можеби е и клучниот момент зошто јас го напишав овој пост – однесувањата кои придонесуваат заедницата да изгледа затворена за соработка самобендисана и арогантна…
Пошто ова го сметам за целосно неточно затоа и пишав, ако има некој некакви забелешки/коментари може да прати мејл на info@2С.мк, може да дојде на некој од собирите и да му го разјасниме тоа што не му е јасно. Проблемот со тие луѓе кои што можеби ти искоментирале нешто вакво е во тоа што тие никогаш немале вистинска желба да се вклучат во заедницата и да помогнат, туку полесно им било да седат од страна и да мрчат за секоја ситница која што не им одговара. За се она што го работиме треба жртва, од време, до пари, до извлекување на подебелиот крај на поштенска листа, дискусиона група или форум ако појма немаш што кур збориш, тоа е составен дел од гиковската/хакерската култура секаде во светот, така се учи, така се соработува така се прават многу работи, ако на некој не му одговара може да сади дрва или да се бори за правата на животните, не мора и не може секој да го разбира начинот на функционирањето заедницата и културата која што ја имаат прифатено нејзините припадници.
..Ова го велам зашто знам дека до вчера на 2С.мк им беа важни CC (за ова имам еден куп докази само во број на постови не навлегувајќи во некакви промоции филмови и сл.), а сега кога тоа е локализирано во Македонија не е важно. Можеби затоа што е организирано од некој друг и тој зема некакви заслуги…
Генерално CC се важни иако можеби мене не ми се толку важни поради тоа што ги имам GNU лиценците договорите, еве се сложувам дека се важни за нашето општество се додека се користат оние послободните варијанти (не како онаа што ја користат Метаморфозис на сајтот за CC на македонски). Тоа што таму имало само двајца луѓе од заедницата воопшто не го гледам како проблем. Јеби га си имаат луѓето обврски, изгледа дека забораваш дека се она што македонската заедницата го прави во Македонија го прави во своето слободно време, скроз ми е апсурдно како можеш да очекуваш некој да МОРА да биде присутен и што ги споредуваш ММ со 2С.мк кога луѓето што работат во ММ се платени за да бидат таму!
…Зар ова треба да значи дека само тие што Арангел ги знае мрднале со прст? И дека сите што не се декларирале некако официјално како членови на заедницата, а ги интересира движењето, се појавени преку ноќ? Да не пребарувам све, ама еве ти неколку поста на Јаковибус, за почеток, колку да го запознаеш и да не ти е појавен преку ноќ…
Ги знам постовите на блогот на Јаковибус, ги имам прочитано. So what? Оупен софтвер?! Оупен софтвер?! АЛоо! Каков е тој Оупен софтвер??? Со неговиот блог пост типот го расипува она што го работиме последниве 5-6 години, ги учи луѓето дека слободен софтвер се вика отворен софтвер иако не постои такво нешто како отворен софтвер. Еве и да му дадеме заслуга за неговите придонеси, пошто ги поддржуваме сите оние кои што сакаат на било каков начин да го промовираат слободниот софтвер, дечкото е неинформиран и греши, одозгоре уште доаѓа и сере. Што друго останува да додадам? Значи никогаш не дошол да праша, да се понуди да помогне, или пак направил нешто што јас лично можам да го препознаам како некаков вистински придонес. Да му се извинам дека не разбира што пишува ако не.
…А зашто го објаснувам ова? Затоа што таквото однесување кон луѓето кои не се во заедницата (а прават нешто за движењето и им значи) е доста обесхрабрувачко за нив. И на тој начин правите да изгледа заедницата дека е затворена и непристапна. Па макар Јаковибус или кој и да е, да е појавен вчера и го интересира заедницата треба да се однеувате со основна почит и без омаловажување за неговата неупатеност. Па нели и тоа е целта, тие што не се упатени да ги упатиме, а не да се правиме важни дека ние ете знаеме уште од кога, а тие поим немаат…
Значи, не постои пример каде што некој дошол на било кое место на мрежава и да прашал нешто и да не му било одговорено и објаснето. Проблемот е во тоа што луѓето не сакаат да ги користат архивите на поштенските листи за да го најдат тоа што им е потребно, не сакаат да го прочитаат бонтонот иако на страницата за зачленување се замолени да го направат тоа пред да испратат порака. Таа архива не постои за да стои таму и никој да не ја отвара, постои за да послужи како референца во некоја идна дискусија, постои за барање на одговори. Замисли да треба да седиме по цел ден и да одговараме на едни исти пораки на различни нови луѓе кои што доаѓаат и сакаат да се вклучат во заедницата, кај би ни бил крајот?
Проблемот со луѓето е што се мрзливи и не сакаат да читаат архиви, и форуми и да бидат доволно културни да го прочитаат бонтонот пред да испратат порака, полесно им е да улетаат ко што ќе им прдне, тоа е главниот проблем. Без никаков ред ништо не може да функционира и секако дека немаше да постигнеме ни пола од ова што го имаме постигнато ако немаше ред. Има луѓе кои што имаат проблеми да го прифатат редот – тоа се само нивни проблеми и преку глава ми е цело време мене некој да ми префрла околу тоа.
Значи не се залетувајте, сигурно никој не ви мрчи за џабе, секогаш треба време да се привикнеш на одредени пишани и непишани правила во некоја нова средина, треба само да се издржи, како што добриот Padawan слуша и трпи додека да стане Jedi Knight.
И Би, се надевам дека пак нема да ме сфатиш погрешно, знам дека не ги покрив сите одговори но се обидов да објаснам малку повеќе околу начинот на кој што функционира заедницата, за другите прашања, ако на некој му се одговара, бујрум.





Васил http://vasil.taneski.com
јуни 22nd, 2007 at 17:31Извини Арангел што од цел еден пост ќе реплицирам само на два пасуси. Првиот и претпоследниот, за кои слбодно може да се каже дека на целиот пост му доаѓаат како commons deed.
Всушност, ќе ти поставам само прашање на кое не ни мора да одговараш, доволно е само да размислиш
Кој е Џедај Мастерот во случајов и која е правата Џедај академија?
␋
Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk
јуни 22nd, 2007 at 17:47Не ти ја разбирам загаткава, каква џедај академија? Текстот ми е пастиран од Википедија од делот за Padawan Jedi… Ако имаш некакви прашања те молам постави ги и ќе се обидам да ти одговорам.
Поздрав.
Васил http://vasil.taneski.com
јуни 23rd, 2007 at 03:25Јас пак мислев знаеш зошто си го ставил тоа во постот и имаш некаква поента. Нема везе, моја грешка.
поздрав
Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk
јуни 23rd, 2007 at 21:09Имав поента, очигледно ти не си ја разбрал.
Никола http://www.psiholog1.wordpress.com
јуни 25th, 2007 at 14:03Зошто не функционира опцијата регистрирај се на http://www.linux.net.mk? Да не треба кориникот да исполни посебни критериуми за да се регистрира? абе ајде.. отидете на светските форуми и научете зошто служи регистрацијата.
Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk
јуни 26th, 2007 at 12:40Твојата лозинка и понатамошните инструкции се испратени на твојата адреса за е-пошта.
Ова го виде или?
Еве сега регистрирав нов корисник, се функционира како што треба. Btw, ако мислиш дека можеш подобро да го оддржуваш сајтот и форумот, повели, се бараат доброволци одамна.
Никола http://www.psiholog1.wordpress.com
јуни 26th, 2007 at 13:58Арангел, верувај или не ни меил ни бутур на ми стигна. И тоа ако постои можност ќе видиш дека неколку пати се обидував да се регистрирам. Првиот пат беше пред неколку години, кога сакав нешто околу Ubuntu да искоментирам, а потоа дали уште еднаш или два пати пробував од кој последниот обид и не е така дамнешен.
Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk
јуни 26th, 2007 at 14:26Кој корисник? vojdanovski? Гледам тука регистриран е. Пиши ми ако е тој, ќе ти ја пратам лозинката само по пошта.
Никола http://www.psiholog1.wordpress.com
јуни 28th, 2007 at 01:46Николоски сум
Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk
јуни 28th, 2007 at 13:53Дај адресата да ти пратам се што треба, не ти ја најдов никаде на блогот :0
Никола http://www.psiholog1.wordpress.com
јуни 28th, 2007 at 17:39адреси: nikolani@yahoo.com или nikola.nikoloski@gmail.com
Дали успеа да ме најдеш во тие што бараа регистрација?
Во периодот кога работев како новинар пишував за бенефиот од користењето на LINUX во бизнисот т.е. претпријатијата, бидејќи весникот беше економски. Се обидував да стапам во контакт со тебе но никако не ми успеваше. Ми требаа изјави и слично. Сепак тоа беше, ако не се лажам, пред две години.
Ако успеам да најдам во некоја од моите зачувани статии баш од тие за LINUX ќе постирам на мојот блог. Мислам дека треба да се работи повеќе во сферата на информирањето за LINUX. Луѓето имаат различни предрасуди за овој (прекрасен) оперативен систем
Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk
јуни 30th, 2007 at 14:37Хмм.. не се сеќавам стварно.
Ако постираш нешто на блог лет ми ноу за да го раширам линкот.
Ти пратив мејл за првава работа.
Поздрав.
Никола
ноември 21st, 2007 at 15:25Дефинитивно Линукс не е оперативен систем за мене. Премногу е тежок и комплициран за еден обичен психолог. Сепак се враќам кај добриот стар Виндоус за кој сеуште на плаќаме.