Локализација на Fedora

За некој ден почнуваме да работиме на локализацијата на Fedora Linux. Веќе има собрано тим што ќе работи на ова во наредните неколку месеци и секако секој што сака да и се приклучи е добредојден.

За да се приклучите во македонскиот тим за локализација треба да поминете низ 10те чекори објаснети тука.  Ако ве мрзи да го правите ова (знам дека повеќето ќе ги мрзи), може само да ми пишете порака дека сакате да помогнете и ќе ви пратам нешто за превод.

Се решив да се вклучам во локализацијата на Fedora поради неколку причини:

  • Fedora/RHEL е системот кој што го користам на работа и за работа.
  • Веќе еднаш ја имаме преведувано Fedora Core 3 со Томе и сакам конечно да ја завршам работата.
  • Веќе подолго време ме вади од такт неслободниот Launchpad систем на Canonical и поради тоа јавно објавувам дека повеќе не придонесувам за локализацијата на Ubuntu - Screw you Canonical.

На вики страницата за македонскиот тим поставив некои основни работи што треба да се знаат доколку некој сака да му се приклучи на тимот. Само морам да издвојам две работи од „Правилата за преведување“ на Новица со кои што јас не се сложувам:

  12. Првата линија на секое мени е во облик на глаголска именка: Уредување, Форматирање.

Тука наместо „Уредување“ ќе дојде „Уреди“.

  16. Пред секое преведување пуштете го KBabel да направи грубо преведување (Rough Translation)!

Никако не препорачувам користење на rough translation, повеќе ја комплицира работата, морате да поправате цели реченици кои што 90% од случаите не се ни целосно преведени ни подредени како што треба. Глупа опција на Kbabel ако ме прашате мене, може само беља да направи (кој беше присутен на вториот преведувачки маратон знае за што зборувам :)).

Моментално чекаме да ни отворат листа за македонскиот тим и кај и да е ќе почнеме со работа (се надевам од понеделник).

Па go… go Fedora на македонски! :) (оди… оди глупо звучи а?) 

5 одговори на “Локализација на Fedora”

  1. Новица http://softver.org.mk/novica

    Абе, прво правилата не се мои. Не дека јас ги смислив.

    Второ, точка 12 е веројатно најпаметното правило на свет. Има причина зошто е „уредување“, а не „уреди“. „Уреди“ е императив. Даваш наредба. Кога кликаш на менито „Edit“ не даваш наредба (направи тоа и тоа) ами ти се отвара мени кај што има други наредби (копирај, исечи и сл.). Затоа тоа е „уредување“. Тоа кажува дека таму се наредбите за уредување.

  2. Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk

    Мојата логика вика вака: Кликаш на дејството „Уреди“ од кај што избираш што ќе правиш понатаму, односно кое дејство ќе се решиш да го превземеш потоа. Мислам дека нема тука нешто нејасно.

    Плус тоа „Уредување“ е ужасно долг стринг.

  3. Новица http://softver.org.mk/novica

    И работна површина е ужасно долг стринг па се сложивме дека е правилно за десктоп. Сложи се и ти сега, не терај инат за џабе.

  4. Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk

    Јас треба да речам сега дека ти тераш инат само зашто не се сложуваш со мене? Прати го на листа, нека кажат што мислат луѓето. Јас мислам дека „Уреди“ е сосема соодветен превод.

  5. Јован Н.

    Ако „Уреди“ е „Уредување“, тогаш што е со „Оди“? „Одење“?

Кажи си:

Полињата обележани со * се потребни
Адресата за е-пошта нема да биде објавена




GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.