Лаптоп за секое дете
Последниве 3 дена во Минхен (престолнината на Баварија) присуствував на NHO (New Hire Orientation), настан што го организира Red Hat за сите нови вработени. Имавме скроз луд водич кој што не прошета низ градот и ни ги ги покажа знаменитостите и ни раскажа нешто повеќе за историјата на градот, се на се многу интересно.
I am Red Hat.
Добро пиво, добра храна и пријателски расположени луѓе. Ако некогаш имате можност посетете ја Баварија, има што да се види.
Најинтересно од се ми беше што добив можност да си поиграм со OLPC-то и да слушнам некои работи за неговиот развој, и првиот пилот проект во Нигерија од човек кој што е директно вклучен во групата на луѓе што работат на овој проект. Лаптопот за секое дете е револуционерен уред кој што тек ќе почне да го менува светот. Мислам дека македонската заедница треба да вложи повеќе напори за да ја пренесе приказната за OLPC до македонската влада и институциите и се останува да се надевам дека преку некои активности на 2с.мк во брзо време ќе почне да се делува на ова поле.
OLPC
Во меѓувреме доколку некој е заинтересиран може да се вклучи во овој проект, секако постојат повеќе начини. Сите информации можете да ги најдете на викито на laptop.org. Откако ќе дознаете како можете да придонесете ќе треба да пополните еден формулар кој што се наоѓа на laptop.org во делот „Contribute“ и тоа е тоа.
Отворив и блог кој што планирам да го наполнам со информации за OLPC на македонски па ако има некој што сака да помогне нека ми пише.
Друга интересна работа што ја слушнав беше тоа дека во Нигерија, не само децата, туку и родителите им се радувале на лаптопите. OLPC-то има вградени две доста јаки сијалички кои што се вклучуваат за да може да се гледа тастатурата ноќно време. Постарите нигеријци ова го искористиле на начин кој што сосема ги изненадил луѓето што работеле на дизајнирање на лаптопот - го закачувале лаптопот на шајка во колибата и го користеле како сијалица.
OLPC rulz. I'm super serial.






Новица http://softver.org.mk/novica
август 4th, 2007 at 15:30Не те гледам на сликата?
Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk
август 4th, 2007 at 15:41Не ти се гледа.
Горе, лево втор.