Приклучете се во GNOME

Проектот GNOME ја најави новата верзија, GNOME 2.20 за 19ти септември. Еве го точниот распоред за оваа верзија во развој (развојот заврши, остана уште да се средат преводите). Ако има некој што сака да се приклучи и да помогне во локализацијата на корисничкиот интерфејс или документацијата може да го контактира Јован, кој што моментално ги координира напорите за локализација на GNOME на македонски.

Ако има студенти од ФЕИТ/ПМФ што го читаат постов, сакам да ги известам дека постои можност преку 2с.мк да придонесат во проектот GNOME преку локализација на софтвер и документација и нормално преку развој на софтвер и за возврат да добијат потврда за завршена пракса во 2с.мк. Ако има некој заинтересиран за оваа работа може да пише порака до 2с.мк.

Верувам дека до крајов на неделава ќе успееме да стигнеме до 100% преведен GNOME и да ја продолжиме традицијата на имање  100% преведен GNOME со секое ново издание од верзијата 2.12 па се досега. Тапа сме кога станува збор за документацијата пошто се уште немаме преведено ништо, па, ако се пријават повеќе луѓе може да почнеме да работиме и на тоа.

Направете си го животот поинтересен, приклучете се во проектот GNOME, научете, стекнете искуство и секако забавувајте се правејќи го тоа! :)

1 одговор на “Приклучете се во GNOME”

  1. Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk

    Btw, ако го чита некој ова. Треба да се преведат белешките за изданието за 2.20. Ако има доброволци нека остават коментар.

Кажи си:

Полињата обележани со * се потребни
Адресата за е-пошта нема да биде објавена




GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.