Life as usual…
Изминативе неколку недели малку повеќе им се посветив на вообичаените активности во заедницата, па еве што правев и што е ново:
- Денес треба да излезе Pidgin 2.2.0 - Иако никој не помогна да се среди македонскиот превод сепак ќе добиеме уште еден добро изгланцан превод на овој одличен клиент за инстант пораки.
- GNOME 2.20 излегува на 17ти септември, носи некои доста интересни нови опции кои што би требало доста да го подобрат нивото на употребливост на оваа работна околина. И оваа верзија на GNOME ќе биде достапна на македонски јазик а се надеваме дека во наредната ќе имаме и преведена документацијата за апликациите.
- Јове ги преведе белешките за изданието за GNOME 2.20, ако ги поминувате и наидете на некаква грешка, отворете задача на bugs.softver.org.mk - иако не верувам дека уште некој билда GNOME (посебно не во Македонија каде што општопопуларни се Ubuntu и KDE), ѕирнете го делот за „Инсталирање на GNOME“ ако сакате да го билдате 2.20.
- GoodBytes се вратил од одмор и го продолжува ass-whooping-от со неговите блог постови - еден од ретките македонски блогери кои што секогаш ми се интересни и забавни за читање.
- Пред некоја недела го преведов Glipper, корисно програмче што ја чува историјата на ископиранот текст без разлика дали сте го копирале со Ctrl-C или само со избирање на текстот.
- Испратив закрпа на bugzilla.gnome за листата на јазици во GDM за менување на стрингот „Macedonian“ во „Macedonian (македонски)“ - Благодарност до Дамјан за помошта околу ова.
- Како резултат на заедничките напори на повеќе луѓе, Слободен софтвер Македонија конечно има нов веб сајт.
- Се надевам на успешен reboot на Сподели знаење во брзо време како и дека ќе бидам во можност да организираме една сесија за запознавање со OLPC. За ова ќе се потрудам да донесам и еден лаптоп (да ТХЕ лаптоп) некаде пред нова година.
И за крај, бидејќи викендов патувам во Белгија <evil grin>(за да пијам добро пиво и таму)</evil grin> сакам да ви посакам успешен ден на слободниот софтвер. Веќе гледам дека и некои нови луѓе се вклучени во овогодинешните напори за организирање на денот па се надевам дека наредната година ќе бидеме уште повеќе како и дека ќе бидам во можност и јас да бидам таму.
Што друго да кажам, Стама did it.





