Сподели финта: Спасете го табот

Сигурно ви се случило да ви се укочи табот во gnome-terminal додека работите нешто на некој сервер. Се случува поради разни причини меѓу кои што е и прекинувањето на интернет врската, барем на мене ми се има случано безброј пати. Веќе неколку месеци не ги гасам смрзнатите табови и наместо тоа ја прекинувам врската со серверот на кој што сум врзан. На овој начин табот е спасен, можам да си продолжам со работата без да отворам нов таб. 

Комбинацијата на копчиња која што ја користам за ова е следнава: „Enter > Shift ~ > .“  - по една точка за секој сервер. Ако на пример, еве да речеме преку ssh сум врзан на повеќе од еден сервер, еве 2 нека се, тогаш користам:  „Enter > Shift ~ > . > .“ за да се вратам на локалниот хост. Тоа е, доста едноставно а зачувува време.

Ако имате некоја ваква или слична финта што ви помага во секојдневната работа: Сподели финта! ;)

Кажи си:

Полињата обележани со * се потребни
Адресата за е-пошта нема да биде објавена




GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.