GHOP за GNOME на македонски
GHOP (Google Highly Open Participation TM Contest ) им овозможува на учениците од средните и основните училишта во Македонија да научат како да придонесуваат во заедницата на корисници на слободен софтвер, да си го повежбаат англискиот како и да научат некоја нова работа на компјутерот, нешто што ќе им користи во иднина во животот. За сето ова Google доделува награда од 100 долари и GHOP маичка за сите учесници.
Пријавив задача за преведување на македонската документација на GNOME, конкретно модулите gnome-panel, gnome-utils и evolution. Ако сте најавени на gmail можете да и додадете ѕвездичка на задачата, па ве молам направете го тоа, нема да ви одземе повеќе од минута време.
Целта на GHOP е младите да научат како функционира заедницата и да ја завршат својата работа со помош на заедницата, значи да комуницираат на поштенски листи да прашуваат се што не им е јасно и со помош на поискусните придонесувачи успешно да ја завршат својата работа.
GHOP завршува во фебруари, дајте им на вашите деца да прават нешто корисно за зимскиот распуст.
Секако тука сме јас и Јове за секаква помош околу преведувањето и техничкото поставување.
Врска до PO датотеките од документацијата тука.
Update: Отворив две задачи, старата е тука (локализација на документацијата за gnome-panel и gnome-utils) и новата тука (локализација на првите 500 стринга од документацијата за Evolution). Ако има заинтересирани ќе отворам уште задачи за допреведување на документацијата на Evolution.






Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk
декември 15th, 2007 at 15:36Моментално се чека задачата да биде одобрена од администраторите. Сите заинтересирани ќе можат да се пријавуваат набрзо.
Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk
декември 17th, 2007 at 16:06И двете задачи се одобрени. Епа навалете.
Скара, пиво, линукс #2 | Архива на блогот | GHOP напредок http://ufo.linux.net.mk/archives/276
декември 25th, 2007 at 18:17[...] 10 дена откако го објавив првиот пост за преведување на македонската документација за GNOME [...]