Ubuntu насекаде
Од кога сум дојден во Скопје инсталирав и потсредував Ubuntu на едно 15 машини. Ми се нема јавено ни еден од тие 15 луѓе да ме праша за било што што е валјда доказ дека се им работи како што треба. Ова кажува доволно за Ubuntu. Едноставно работи.
Лошата страна е што се уште не стигнав да го инсталирам на мојот лаптоп и да го преинсталирам на PC-то (од soon-to-be-doomed на новиот здрав диск).
И за крај, Ubuntu е толку популарно што почна да се појавува и на ромските ар-ен-би спотови на ТВ Шутел. Еве го и доказот. RNBuntu:
Иако се сомневам дека дечкото пее за „хуманост кон сите“. ;)






Ta4ka http://ta4ka.blog.com.mk
февруари 28th, 2008 at 03:01Кај нас се прво на шутел се појавува, тие ни се кршачите на мразот :))