GNOME Love
Веќе недела дена со Јове работиме на локализација на новите GNOME апликации кои што треба да бидат објавени некаде во март заедно со новата верзија на GNOME - 2.22. Ако има некој што сака да помогне може да ја погледне страницава.
GHOP се покажа како успешна работа, двајца средношколци земаа и завршија 50% од преводот на документацијата за клиентот за е-пошта, Evolution, откако ќе ги прегледам и спојам двете датотеки ќе ги качам во SVN.
Уште еднаш отворено упатувам повик до сите заинтересирани да помогнат со локализацијата на документацијата и интерфејсот на GNOME 2.22. Да ја покажеме нашата љубов кон проектот GNOME и да возвратиме со тоа што ќе им овозможиме на повеќе луѓе да го користат GNOME на својот мајчин јазик.
ПС Сега волонтерски рмбаме и за сите ученици кои што добија нови компјутери со Ubuntu и GNOME, па ете наоѓам утеха во тоа што децата ќе имаат можност да користат софтвер на македонски.





