Пишувај и добиј маичка „Ubuntu за Македонија“!

Слободен софтвер Македонија доделува 20 Ubuntu маички на сите оние кои што ќе исполнат барем еден од двата услови наведени подолу:

1.
Да решите 2 постоечки проблеми на форумот или пак да напишете 4 решенија за постоечки проблеми во последната верзија на Ubuntu (Hardy). Не е важно како ќе го направите тоа, значи можете да напишете целосно ваше решение, да го преведете од некој странски форум или сл.

2. Да напишете 1 детално упатство за извршување на одредени задачи на Ubuntu (пр. компајлирање на кернел, поставување на Ekiga, поставување на Evolution, инсталирање на додатни апликации, печатење/уредување/спремање презентации во OpenOffice.org итн.). Едноставни упатства од типот на „манипулација со датотеки (копирање, бришење, креирање датотеки)“ нема да се сметаат за доволни.

Еве и како изгледа маичката:

Повеќе информации на форумот.

Со среќа! :)

PS Оние од вас што ја следат поштенската листа на ossm-members знаат дека викендов поднесовме апликација за регистрирање на македонски локален ubuntu тим. Повеќе за ова можете да прочитате тука. Секако, сите заинтересирани се добредојдени да му се приклучат на тимот.

4 одговори на “Пишувај и добиј маичка „Ubuntu за Македонија“!”

  1. Милош http://misos.blog.com.mk

    А може да се нарачка маичка без пишување ништо? :)

  2. Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk

    Не! :) Ајде кај ти е младоста, треба да го полниме ресурсниот центар со корисни матерјали. :)

  3. Pero

    Ни за 20 евра!?

  4. Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk

    Хаха, ни за 20 евра. :)

Кажи си:

Полињата обележани со * се потребни
Адресата за е-пошта нема да биде објавена




GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.