Корумпирана полиција
Се вратив во Брно, Чешка. Идам на забар. Влагам, здраво, здраво.. и почиња:
Докторот чех: Од кај си?
Јас: Од Македонија.
Докторот: Па ја од таму идам, вчера бев таму.
Јас: Стварно?
Докторот: Да, бев на одмор во Грција, и на враќање ме застана полиција и ми бараа 300 евра.
Јас: Стварно?
Докторот: Да, не направив никаков прекршок возев 100 каде што беше дозволено 120. Ми бараа 300 евра или ми рекоа дека нема да ме пуштат. Чекавме некое време и ми рекоа: „Ај дај колку имаш и оди си“. Им дадов 30 евра и ме пуштија.
Јас: Што бе јас?! Што да му кажам на човекот, пропаднав од срам ради некој локален шериф што им зима пари на странци кога поминуваат низ Македонија, и после туризам, епа ќе сонуваме за развој на туризмот со корумпирана полиција.
Случаен настан затекнав на една скопска улица во центар. Пајак и полицаец со крајслер. Пајакот веќе ја беше закачил колата и таман да ја дигне улетува еден дизел со двајца другари, вади мобилен, му врти на некој и му го дава мобилниот на полицаецот (кој што седи во кола). После 1 минута, правдање, дигање раменици, веројатно и извинување дизелот го добива телефонот назад и полицаецот му вика на човекот со пајакот да ја откачи колата. Дизелот си иде со задоволна фаца на лицето.
Татко му, или кој и да беше на другата страна на линијата е толку јака фаца што може да му рече на полицаец, пушти го син ми, а нема 1500 денари да си плати поштено како што си плаќа секој граѓанин што ќе паркира погрешно и ќе му ја дигнат колата. Јако.
Некои работи изгледа воопшто не се менуваат.







zeroSignal http://tb.polygonized.com
јуни 30th, 2008 at 22:25The more things change, the more they stay the same. Нажалост, таа ни е реалноста.
GoodBytes http://mislam.blogspot.com/
јули 1st, 2008 at 00:29На многу луѓе во Македонија им одговара нашата беда, бидејќи само така можат да бидат „први во село“, односно да се над законот. За жал, над законот е и полицијата.
darko156 http://komunikacii.net
јули 1st, 2008 at 10:32Дизелот :))))))))
ми се свиѓа….
за муабетов. дали следнио пат кога некој ќе те рпаша од каде си без размислување ќе речешо д Македонија?
Арангел Ангов http://ufo.linux.net.mk
јули 1st, 2008 at 17:37Тест, тест, ко да ми фали коментар.. :\
Жалосно е што тие џандарите не се ни свесни што праат, нивото на свест им е толку ниско што не се способни да разберат/научат каква штета предизвикуваат со таквото однесување. Такви ќе си останат до крајот на животот, баш поради тоа што и тие што треба да ги контролираат се исто така несвесни.
спартак
јули 1st, 2008 at 20:27Така е како што кажал чоекот.
Кај Д.Капија ме сопираат и за брзо возење ми бараат 2000 казна.
Наидува турчин му бараат 3000. Ги прашав зш он поскапо? Колку возел над дозволеното? Ми фрли документите и ме пушти и после раат му се свртеа на турчинот од Немачка.
Aleks
јули 3rd, 2008 at 10:42Затоа и си одам од Македонија… засекогаш…
Томе
јули 4th, 2008 at 16:31Многу бедно.