Хаклаб вести 0.1
Иако се уште не е ставена на хартија, добрата идеја за отворање на Хаклаб во Скопје го поттикна Илин Петковски да донира хардвер и компјутерска литература за истиот уште сега. Частете го пиво кога ќе го видите.
Инаку за оние што не следеле на IRC или на поштенска листа до сега, идејата е да се отвори простор каде што би можеле да доаѓаат сите луѓе што ги интересираат разни технологии, хакирање, дизајн, уметност, готвење (ова дека Глиша постојано го спомнува), за сите оние што мислат дека имаат нешто што умеат да го споделат со останатите свои сограѓани. Просторот исто така би послужил и како штаб на проектот Сподели на 2с.мк, што значи дека сите понатамошни СЗ и СК настани би биле организирани таму.
Со Стама се договоривме да склопиме конкретен план и проект и со тоа да поставиме некоја основа за понатамошно делување, па ако има некој што сака да се приклучи и да помогне, знаете каде да не најдете.





Новица http://novica.softver.org.mk
јануари 27th, 2009 at 18:21Секоја чест за Илин.
moondowner/Мартин
февруари 12th, 2009 at 21:53Честито за вложувањето во ваков интересен проект.
п.с. датата во pdf-то е згрешена. А донацијата е одлична, воопшто не е скрома.
Се надевам на комплетна реализација на проектот, да има споделување на многу знаења и понекој пронајдок
и нормално многу дружба
Поздрав