Off the record
Во последно време почнав да го користам додатокот off the record за енкриптирана комуникација со се повеќе луѓе на jabber. Ако користите Pidgin се што треба да направите е да го активирате додатокот, кој што автоматски ќе ви генерира fingerprint и приватен клуч. Се што треба да направите потоа е да кликнете на OTR менито и да одберете „Authenticate“ во прозорецот за разговор со контактот со кој што сакате да започнете off the record разговор.

Со користењето на off the record ќе се осигурате во следниве неколку работи:
- Дека користите енкриптирана комуникација
- Дека личноста со која што разговарате е стварно таа личност
- Личноста со која што разговарате може да биде сигурна дека разговара со вас
Reality check текст за прислушкување на твојата интернет врска.




