Архива за категоријата 'гик'

недела, ноември 8th, 2009

За GNOME 2.28 и она што следува

Здраво плането, long time no blogz. Facebook killed the internet и ние не се дававме! Али twitter не прекина јако. :)

Почнав да си го средувам изгледот на новото Ubuntu и кога поминав скоро се ми остана уште да ја сменам грдата gdm тема која што доаѓа со Karmic. Стандардно како и досега си најдов тема што ми се допаѓа на gnomelook и идам да го упалам gdmsetup да си ја сменам и да завршам и со тоа. Кликам Administration > Login screen и ми се отвора мал дијалог во кој што можам само да сменам дали сакам рачно или автоматски да се најавам како и да го внесам времето за автоматска најава – #FAIL.

Си викам „АЈ“ овие Canonical гарант сјебале нешто, ако е до нив и ако стварно до толку почнале да се занесуваат ќе праќам багови и ќе мењам дистрибуции, како и да е искочи дека не бев во право. По малце гуглање открив дека се работи за новиот интерфејс за замена на досегашниот gdmsetup и дека промените се собрани од Upstream GNOME (што значи дека Canonical, за Ubuntu 9.10, само го препакувале и го дистрибуираат софтверот директно од изворниот проект, GNOME 2.28). На големо разочарување на буквално сите што го користеле gdmsetup од GNOME решиле да го заменат корисниот интерфејс кој што ги имаше сите можни опции за менување на изгледот и однесувањето на gdm со мало дијалоџе со само 2 опции.

Негде прочитав коментар дека Линус Торвалдс бил во право со коментарот за тоа дека програмерите што работат на GNOME се fucking idiots а ако продолжат со правење на вакви несериозни промени, вклучување на софтвер кој што е воопшто недовршен во стабилна, тековна верзија на работната околина мислам дека дефинитивно ќе си го оправдаат епитетот.

Како и да е, и покрај ваквите тотално нелогични fail одлуки се работи и на нешто ново и интересно. Нешто што го немам проверено одамна а што ми се виде како многу перспективно е идејата за gnome-shell. gnome-shell треба да претставува замена на тековната работна околина (се мисли на се од панели, аплети, однесување на прозорците, ефектите и сл) и е планиран да биде дистрибуиран во наредната верзија на GNOME, долгоочекуваниот GNOME 3. Морам да кажам дека го пробав и дека gnome-shell е дефинитивно моќна, брза и едноставна алатка која што дефинитивно ќе ја направи GNOME многу помоќна работна околина.

За тие што ги интересира повеќе на http://live.gnome.org/GnomeShell/Screencasts има 4 видеа од gnome-shell во акција. 

Малце kick-ass слики од екранот од gnome-shell.

Инаку gnome-shell е достапен во Ubuntu Karmic под истото име.

Моментално ми фалат уште некои поважни аплети кои што би требало да почнат да се појавуваат во наредниве 6 месеци и мислам дека дефинитивно ќе се добие нешто посебно кое што досега не го нуди ниеден друг оперативен систем или ниедна друга работна околина (го немам се уште, а не ни планирам, да го пробам Windows7 – али the apple doesn't fall too far from the tree).

And that's all I had to say about that.

понеделник, јули 20th, 2009

Off the record

Во последно време почнав да го користам додатокот off the record за енкриптирана комуникација со се повеќе луѓе на jabber. Ако користите Pidgin се што треба да направите е да го активирате додатокот, кој што автоматски ќе ви генерира fingerprint и приватен клуч. Се што треба да направите потоа е да кликнете на OTR менито и да одберете „Authenticate“ во прозорецот за разговор со контактот со кој што сакате да започнете off the record разговор.

 

 

Со користењето на off the record ќе се осигурате во следниве неколку работи:

- Дека користите енкриптирана комуникација

- Дека личноста со која што разговарате е стварно таа личност

- Личноста со која што разговарате може да биде сигурна дека разговара со вас

Idiot friendly упатство.

Reality check текст за прислушкување на твојата интернет врска.

вторник, јануари 27th, 2009

Хаклаб вести 0.1

Иако се уште не е ставена на хартија, добрата идеја за отворање на Хаклаб во Скопје го поттикна Илин Петковски да донира хардвер и компјутерска литература за истиот уште сега. Частете го пиво кога ќе го видите. :)

Инаку за оние што не следеле на IRC или на поштенска листа до сега, идејата е да се отвори простор каде што би можеле да доаѓаат сите луѓе што ги интересираат разни технологии, хакирање, дизајн, уметност, готвење (ова дека Глиша постојано го спомнува), за сите оние што мислат дека имаат нешто што умеат да го споделат со останатите свои сограѓани. Просторот исто така би послужил и како штаб на проектот Сподели на 2с.мк, што значи дека сите понатамошни СЗ и СК настани би биле организирани таму.

Со Стама се договоривме да склопиме конкретен план и проект и со тоа да поставиме некоја основа за понатамошно делување, па ако има некој што сака да се приклучи и да помогне, знаете каде да не најдете.

четврток, ноември 27th, 2008

Тикетинг систем

Ми требаше за на работа нешто боље од osTicket (sux btw) и после две години живот со RT (Request Tracker) си го воскреснав дома на компјутер за тестирање.

Инсталирање на Request Tracker верзија 3 на Ubuntu, за помалце од 10 мин.

Sweet. :)

сабота, ноември 1st, 2008

I can haz Dell Mini :)

I ownz it.

  • 10 инчен екран
  • Intel Atom процесор
  • 8 гига solid state drive
  • 1 гига рам
  • Intel графичка и звучна
  • broadcom wifi (која што работи извонредно)
  • ubuntu 8.04

Се уште се привикнувам на тастатурата и не можам да се изначудам колку е јак мини лаптопов. Подетален преглед ќе постирам неделава.

недела, март 2nd, 2008

We are G33K

Недела попладне, седам во кафич, пијам кафе и го правам истото што го правам и дома на мојот лаптоп.

g33k.jpg

Што ли прават другите гикови?

(коментарите се отворени) 

PS Си го средив bluetooth-от на лаптопот прв пат од кога го имам, за да ја пренесам сликава од мобилен. :)


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.