Архива за категоријата 'Споделување'

понеделник, февруари 23rd, 2009

Порака од глобалната индустрија за забава

вторник, февруари 17th, 2009

На пола пат до победа

Уште на вториот ден од судскиот процес против TPB (The Pirate Bay) повлечени се скоро 50% од обвниненијата против TPB поради немање доволно докази. Големите корпорации како Microsoft, Sony, Apple, и некои издавачки куќи како Electronic Arts преку IPFI бараат по две години затвор и и еден куп пари оштета за основачите на овој портал кон слободата за сите нас.

Иако од IPFI тврдат дека ова ќе им го поедонставело случајот и ќе можеле повеќе да се концентрираат на остатокот од обвиненијата мое мислење е дека ќе им се деси EPIC FAIL на крајот. Дури и да успеат да добијат за нешто Pirate Bay нема да биде затворен поради тоа што заедницата околу сајтот и поддршката од корисниците е огромна и секогаш ќе се најде алтернативно решение за дата центарот. Минатиот пат кога се случи упадот и кражбата на сите сервери од страна на шведската полиција, TPB беше вратен во рок од само 3 дена, па сeга видете… :)

 

(демонстрант поддржувач на TPB)

Еве што имаше да изјави одбраната за денешното олеснување: 

 “EPIC WINNING LOL”

За повеќе информации околу процесот можете да го пратите блогот на piratebay или пак ако имате twitter сметка на оваа врска.

Да се надеваме дека случајов ќе стане пример за победа на луѓето над корпорациите кога станува збор за таканаречената борба против пиратеријата всушност борба за поголем профит на корпорациите.

Да живее Pirate Bay!


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.