Архива за категоријата 'Fedora'

среда, ноември 21st, 2007

Дистрибуции

Еве што мразам кај сите до една дистрибуции на GNU/Linux. 

Дистрибуциите трошат многу време на реимплементирање на опции кои што веќе се имплементирани во друга дистрибуција наместо да ги спојат сите овие опции во јавен проект како што е GNOME.

Federico Mena Quintero објаснува:

Novell implemented intlclock.

Later, Fedora imported it, made their own packaging changes, and added some cool features.

Later, Ubuntu imported it and made their own packaging changes.

За целото ова време GNOME има четврта верзија на часовник на панелот и на развивачите на Fedora, Ubuntu и Novell не им текнува да ги качат промените upstream (во GNOME).

Среќа на некој му текнало да го направи ова. Кога сме кај contributing back to the root project за жал изгледа дека работите функционираат само во развојот на Linux кернелот.

Ubuntu 7.10

Го инсталирав на PC кај другар викендов и станува се подобро и подобро, посебно поради хардверската подршка (благодарение на кернелот секако). Се мислам дури да го отстранам RHEL-ов поради некои нови опции што ги нуди GNOME 2.20, останува уште само да најдам време за тоа.

  Ubuntu 7.10

Еве имам и доказ, а лепам и Ubuntu налепници. :)

Во последно време забележав дека сум станал дежурен за подршка за Ubuntu а бројот на машини за кои што се грижам расте секој месец. Благодарение на automatix подршката ми се сведува на неколку интервенции после инсталацијата и тоа е тоа.

И да заклучам за дистрибуциите, не ми е баш важно која ќе ја користам пошто сите освен Ubuntu бараат време да ги средиш и откако ќе ги средиш работат исто. Финтата е што Ubuntu можете да го донесете до тој степен на среденост многу побрзо без повеќето од проблемите на кои што ќе налетате во некоја од другите дистрибуции.

Ако некогаш ви се смачи од се, секогаш можете да инсталирате Debian, или не? :)

Update: После долга дискусија со еден колега вклучен во Fedora дојдов до вистината. И покрај тоа што мрчев дека сите го прават истото типот ме убедуваше дека случајот не бил таков со Fedora и излезе дека е стварно така. Типот што сакал да го прави пакетот за Fedora рече дека пакетот немало да биде вклучен во Fedora додека не влезе во upstream. Закрпата е таму па тоа значи дека ќе го има во GNOME 2.22 и Fedora 9. Наводно политиката на Fedora била да се чека на upstream за такви закрпи. Од друга страна пак да не крпеа сами Canonical, Ubuntu немаше да биде тоа што е. Во секој случај гееви се поради тоа што не работат во духот на слободниот софтвер.

четврток, август 30th, 2007

Remaster Fedora.. if you have no life.

НЕ пробувајте. Има подобри алтернативи, само некој треба да се најде да го одржува преводот. Може Јове ќе сака да додаде нешто повеќе за тоа зашто не спиеше добро последниве неколку дена… :)

Apt has super cow powers. Really, really, really, really.

вторник, август 7th, 2007

И така се роди OLPC.мк

Во претходниот пост спомнав дека започнувам блог за OLPC на македонски. Сакам да им заблагодарам на Александар, Стојанче и Билјана за сета досегашна помош околу блогот. OLPC.мк е live and kicking.

Како што пишува и на блогот, мисијата е следнава:

Блогот е посветен на проектот OLPC и  треба да послужи како ресурс на македонски јазик за се што е поврзано со OLPC како и да и помогне на македонската јавност, владата и институциите подобро да ги разберат предностите од воведување на лаптопот за секое дете во македонското образование.

На викито на проектот OLPC може многу јасно да се види дека Македонија е една од земјите во кои што се планира нешто во таканаречниот „post-launch“ период. Се надевам дека ќе успееме да ја преместиме Македонија во земјите кои што се во преговори со владата барем за започнување на неколку демо работилници на кои што македонската јавност и луѓето од министерството за образование и владата би добиле можност да видат колку е важен лаптопот за секое дете за македонскиот образовен систем. Без разлика на тоа дали ова ќе успееме  да го направиме сами или со помош на некоја друга организација, мислам дека е важно да пробаме да направиме се што можеме поради тоа што се работи за нашата иднина и иднината на нашите деца а OLPC е шансата што не смееме да ја испуштиме.

И секако, доколку некој сака да помогне околу блогот нека ми пише. :)

Update: Гоце и Стојанче направија по неколку банери (фала!), па додадете банер на вашиот блог/веб сајт.

четврток, јули 26th, 2007

Tomboy на Fedora/RHEL

Сите користиме нешто што ни помага да се организираме подобро. Нешто за запишување и организирање на важни датуми, родендени, важни белешки за на работа и слично. Јас последниве неколку години користам Tomboy, иако секој пат морам да инсталирам еден куп Mono пакети за да ми работи сепак го правам тоа пошто уште немам најдено нешто покорисно од него кое што би ми помогнало да се организирам подобро. 

Вчера цел ден се изнамачив да инсталирам Tomboy (посебно gnome-sharp, gtk-sharp и компанија) на RHEL5, па ги собрав сите добри пакети и ги качив на блогов во еден пакет - tomboy-complete.tar.bz2.

Пред да го инсталирате ова ќе ви требаат пакетите што ги повлекува пакетот mono-complete. Разбрав дека новата Fedora доаѓа со Mono најверојатно и со gnome/gtk-sharp ама нема шанси да користам нешто толку нестабилно на лаптопот, кој што моментално ми е примарна машина.

PS Кога сум кај Fedora, напорите за локализација се одвиваат добро и од први август почнуваме со тестирање и поправање на грешките. Па ако користите Fedora 7, па и 6 ве молам тестирајте ги новите преводи и пријавувате грешки на http://bugs.softver.org.mk.

петок, јули 6th, 2007

Локализација на Fedora

За некој ден почнуваме да работиме на локализацијата на Fedora Linux. Веќе има собрано тим што ќе работи на ова во наредните неколку месеци и секако секој што сака да и се приклучи е добредојден.

За да се приклучите во македонскиот тим за локализација треба да поминете низ 10те чекори објаснети тука.  Ако ве мрзи да го правите ова (знам дека повеќето ќе ги мрзи), може само да ми пишете порака дека сакате да помогнете и ќе ви пратам нешто за превод.

Се решив да се вклучам во локализацијата на Fedora поради неколку причини:

  • Fedora/RHEL е системот кој што го користам на работа и за работа.
  • Веќе еднаш ја имаме преведувано Fedora Core 3 со Томе и сакам конечно да ја завршам работата.
  • Веќе подолго време ме вади од такт неслободниот Launchpad систем на Canonical и поради тоа јавно објавувам дека повеќе не придонесувам за локализацијата на Ubuntu - Screw you Canonical.

На вики страницата за македонскиот тим поставив некои основни работи што треба да се знаат доколку некој сака да му се приклучи на тимот. Само морам да издвојам две работи од „Правилата за преведување“ на Новица со кои што јас не се сложувам:

  12. Првата линија на секое мени е во облик на глаголска именка: Уредување, Форматирање.

Тука наместо „Уредување“ ќе дојде „Уреди“.

  16. Пред секое преведување пуштете го KBabel да направи грубо преведување (Rough Translation)!

Никако не препорачувам користење на rough translation, повеќе ја комплицира работата, морате да поправате цели реченици кои што 90% од случаите не се ни целосно преведени ни подредени како што треба. Глупа опција на Kbabel ако ме прашате мене, може само беља да направи (кој беше присутен на вториот преведувачки маратон знае за што зборувам :)).

Моментално чекаме да ни отворат листа за македонскиот тим и кај и да е ќе почнеме со работа (се надевам од понеделник).

Па go… go Fedora на македонски! :) (оди… оди глупо звучи а?) 


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.