Архива за категоријата 'Хакови'

вторник, јануари 27th, 2009

Хаклаб вести 0.1

Иако се уште не е ставена на хартија, добрата идеја за отворање на Хаклаб во Скопје го поттикна Илин Петковски да донира хардвер и компјутерска литература за истиот уште сега. Частете го пиво кога ќе го видите. :)

Инаку за оние што не следеле на IRC или на поштенска листа до сега, идејата е да се отвори простор каде што би можеле да доаѓаат сите луѓе што ги интересираат разни технологии, хакирање, дизајн, уметност, готвење (ова дека Глиша постојано го спомнува), за сите оние што мислат дека имаат нешто што умеат да го споделат со останатите свои сограѓани. Просторот исто така би послужил и како штаб на проектот Сподели на 2с.мк, што значи дека сите понатамошни СЗ и СК настани би биле организирани таму.

Со Стама се договоривме да склопиме конкретен план и проект и со тоа да поставиме некоја основа за понатамошно делување, па ако има некој што сака да се приклучи и да помогне, знаете каде да не најдете.

недела, јуни 8th, 2008

Нешто добро од Pidgin

Поддршка за звук и видео за GoogleTalk (XMPP).

Ако има некој заинтересиран нека ме пингне. Aјде истапете храбри бета тестери! :)

вторник, октомври 30th, 2007

Сподели финта: Спасете го табот

Сигурно ви се случило да ви се укочи табот во gnome-terminal додека работите нешто на некој сервер. Се случува поради разни причини меѓу кои што е и прекинувањето на интернет врската, барем на мене ми се има случано безброј пати. Веќе неколку месеци не ги гасам смрзнатите табови и наместо тоа ја прекинувам врската со серверот на кој што сум врзан. На овој начин табот е спасен, можам да си продолжам со работата без да отворам нов таб. 

Комбинацијата на копчиња која што ја користам за ова е следнава: „Enter > Shift ~ > .“  – по една точка за секој сервер. Ако на пример, еве да речеме преку ssh сум врзан на повеќе од еден сервер, еве 2 нека се, тогаш користам:  „Enter > Shift ~ > . > .“ за да се вратам на локалниот хост. Тоа е, доста едноставно а зачувува време.

Ако имате некоја ваква или слична финта што ви помага во секојдневната работа: Сподели финта! ;)

четврток, мај 31st, 2007

Нов удар врз AACS

45-5F-E1-04-22-CA-29-C4-93-3F-95-05-2B-79-2A-B2

Е новиот обелоденет HD-DVD processing клуч. Упс. :)

За тие што ги интересира подетално можете да прочитате тука.  


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.