четврток, октомври 18th, 2007
Nokia N810
Веќе излезе новиот интернет таблет од Nokia - N810, кој што патем доаѓа со вградена тастатура. Doh! Покрај вградената тастатура новиот таблет доаѓа и со подобрена камера, GPS модул, 2 гигабајти вградена меморија, подобрена работна околина, подобрена инфраструктура за теми, целосна миграција на GTK+ 2.10.12. Повеќе за новата верзија на Maemo (4.0) со кодно име Chinhook можете да ѕирнете тука.
Еве и како изгледа најновиот најкул гик геџет:
Ако ве интересираат повеќе информации за Nokia N810 кликнете на било кое зборче. :)
Уште нема цена за N810 на сајтот на Nokia. Можно е да сакам да ја продадам N800-ката за да се подновам со N810 но во секој случај пресудна ќе биде цената. Според она што го гледам како хардверска надградба мислам дека ќе биде тешко новиот таблет да се набави за помалку од 500 евра.






