понеделник, јули 20th, 2009
Во последно време почнав да го користам додатокот off the record за енкриптирана комуникација со се повеќе луѓе на jabber. Ако користите Pidgin се што треба да направите е да го активирате додатокот, кој што автоматски ќе ви генерира fingerprint и приватен клуч. Се што треба да направите потоа е да кликнете на OTR менито и да одберете „Authenticate“ во прозорецот за разговор со контактот со кој што сакате да започнете off the record разговор.
Со користењето на off the record ќе се осигурате во следниве неколку работи:
- Дека користите енкриптирана комуникација
- Дека личноста со која што разговарате е стварно таа личност
- Личноста со која што разговарате може да биде сигурна дека разговара со вас
Idiot friendly упатство.
Reality check текст за прислушкување на твојата интернет врска.
Нема коментари
Врска
Објавено во Pidgin, Безбедност, Општо, Сподели знаење, гик, слободен софтвер
недела, јуни 8th, 2008
Поддршка за звук и видео за GoogleTalk (XMPP).

Ако има некој заинтересиран нека ме пингне. Aјде истапете храбри бета тестери!
Нема коментари
Врска
Објавено во Pidgin, Ubuntu, Хакови, слободен софтвер
четврток, септември 13th, 2007
Изминативе неколку недели малку повеќе им се посветив на вообичаените активности во заедницата, па еве што правев и што е ново:
- Денес треба да излезе Pidgin 2.2.0 – Иако никој не помогна да се среди македонскиот превод сепак ќе добиеме уште еден добро изгланцан превод на овој одличен клиент за инстант пораки.
- GNOME 2.20 излегува на 17ти септември, носи некои доста интересни нови опции кои што би требало доста да го подобрат нивото на употребливост на оваа работна околина. И оваа верзија на GNOME ќе биде достапна на македонски јазик а се надеваме дека во наредната ќе имаме и преведена документацијата за апликациите.
- Јове ги преведе белешките за изданието за GNOME 2.20, ако ги поминувате и наидете на некаква грешка, отворете задача на bugs.softver.org.mk – иако не верувам дека уште некој билда GNOME (посебно не во Македонија каде што општопопуларни се Ubuntu и KDE), ѕирнете го делот за „Инсталирање на GNOME“ ако сакате да го билдате 2.20.
- GoodBytes се вратил од одмор и го продолжува ass-whooping-от со неговите блог постови – еден од ретките македонски блогери кои што секогаш ми се интересни и забавни за читање.
- Пред некоја недела го преведов Glipper, корисно програмче што ја чува историјата на ископиранот текст без разлика дали сте го копирале со Ctrl-C или само со избирање на текстот.
- Испратив закрпа на bugzilla.gnome за листата на јазици во GDM за менување на стрингот „Macedonian“ во „Macedonian (македонски)“ – Благодарност до Дамјан за помошта околу ова.
- Како резултат на заедничките напори на повеќе луѓе, Слободен софтвер Македонија конечно има нов веб сајт.
- Се надевам на успешен reboot на Сподели знаење во брзо време како и дека ќе бидам во можност да организираме една сесија за запознавање со OLPC. За ова ќе се потрудам да донесам и еден лаптоп (да ТХЕ лаптоп) некаде пред нова година.
И за крај, бидејќи викендов патувам во Белгија <evil grin>(за да пијам добро пиво и таму)</evil grin> сакам да ви посакам успешен ден на слободниот софтвер. Веќе гледам дека и некои нови луѓе се вклучени во овогодинешните напори за организирање на денот па се надевам дека наредната година ќе бидеме уште повеќе како и дека ќе бидам во можност и јас да бидам таму.
Што друго да кажам, Стама did it.
Нема коментари
Врска
Објавено во GNOME, OLPC, Pidgin, Општо, Сподели знаење
недела, септември 9th, 2007

Грешки во преводот можете да пријавувате тука.
2 коментари
Врска
Објавено во Pidgin, Локализација