Архива за категоријата 'Проекти'

вторник, јануари 27th, 2009

Хаклаб вести 0.1

Иако се уште не е ставена на хартија, добрата идеја за отворање на Хаклаб во Скопје го поттикна Илин Петковски да донира хардвер и компјутерска литература за истиот уште сега. Частете го пиво кога ќе го видите. :)

Инаку за оние што не следеле на IRC или на поштенска листа до сега, идејата е да се отвори простор каде што би можеле да доаѓаат сите луѓе што ги интересираат разни технологии, хакирање, дизајн, уметност, готвење (ова дека Глиша постојано го спомнува), за сите оние што мислат дека имаат нешто што умеат да го споделат со останатите свои сограѓани. Просторот исто така би послужил и како штаб на проектот Сподели на 2с.мк, што значи дека сите понатамошни СЗ и СК настани би биле организирани таму.

Со Стама се договоривме да склопиме конкретен план и проект и со тоа да поставиме некоја основа за понатамошно делување, па ако има некој што сака да се приклучи и да помогне, знаете каде да не најдете.

понеделник, декември 17th, 2007

Ново за GHOP

Го ажурирав и претходниот пост поради тоа што постот беше пријавен на кајмак.от

Отворив две задачи, старата е тука (локализација на документацијата за gnome-panel и gnome-utils) и новата тука (локализација на првите 500 стринга од документацијата за Evolution). Ако има заинтересирани ќе отворам уште задачи за допреведување на документацијата на Evolution.

недела, септември 2nd, 2007

Приклучете се во GNOME

Проектот GNOME ја најави новата верзија, GNOME 2.20 за 19ти септември. Еве го точниот распоред за оваа верзија во развој (развојот заврши, остана уште да се средат преводите). Ако има некој што сака да се приклучи и да помогне во локализацијата на корисничкиот интерфејс или документацијата може да го контактира Јован, кој што моментално ги координира напорите за локализација на GNOME на македонски.

Ако има студенти од ФЕИТ/ПМФ што го читаат постов, сакам да ги известам дека постои можност преку 2с.мк да придонесат во проектот GNOME преку локализација на софтвер и документација и нормално преку развој на софтвер и за возврат да добијат потврда за завршена пракса во 2с.мк. Ако има некој заинтересиран за оваа работа може да пише порака до 2с.мк.

Верувам дека до крајов на неделава ќе успееме да стигнеме до 100% преведен GNOME и да ја продолжиме традицијата на имање  100% преведен GNOME со секое ново издание од верзијата 2.12 па се досега. Тапа сме кога станува збор за документацијата пошто се уште немаме преведено ништо, па, ако се пријават повеќе луѓе може да почнеме да работиме и на тоа.

Направете си го животот поинтересен, приклучете се во проектот GNOME, научете, стекнете искуство и секако забавувајте се правејќи го тоа! :)


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.