Архива за категоријата 'RedHat'

вторник, август 7th, 2007

И така се роди OLPC.мк

Во претходниот пост спомнав дека започнувам блог за OLPC на македонски. Сакам да им заблагодарам на Александар, Стојанче и Билјана за сета досегашна помош околу блогот. OLPC.мк е live and kicking.

Како што пишува и на блогот, мисијата е следнава:

Блогот е посветен на проектот OLPC и  треба да послужи како ресурс на македонски јазик за се што е поврзано со OLPC како и да и помогне на македонската јавност, владата и институциите подобро да ги разберат предностите од воведување на лаптопот за секое дете во македонското образование.

На викито на проектот OLPC може многу јасно да се види дека Македонија е една од земјите во кои што се планира нешто во таканаречниот „post-launch“ период. Се надевам дека ќе успееме да ја преместиме Македонија во земјите кои што се во преговори со владата барем за започнување на неколку демо работилници на кои што македонската јавност и луѓето од министерството за образование и владата би добиле можност да видат колку е важен лаптопот за секое дете за македонскиот образовен систем. Без разлика на тоа дали ова ќе успееме  да го направиме сами или со помош на некоја друга организација, мислам дека е важно да пробаме да направиме се што можеме поради тоа што се работи за нашата иднина и иднината на нашите деца а OLPC е шансата што не смееме да ја испуштиме.

И секако, доколку некој сака да помогне околу блогот нека ми пише. :)

Update: Гоце и Стојанче направија по неколку банери (фала!), па додадете банер на вашиот блог/веб сајт.

сабота, август 4th, 2007

Лаптоп за секое дете

Последниве 3 дена во Минхен (престолнината на Баварија) присуствував на NHO (New Hire Orientation), настан што го организира Red Hat за сите нови вработени. Имавме скроз луд водич кој што не прошета низ градот и ни ги ги покажа знаменитостите и ни раскажа нешто повеќе за историјата на градот, се на се многу интересно.

 
                                            I am Red Hat. :)

Добро пиво, добра храна и пријателски расположени луѓе. Ако некогаш имате можност посетете ја Баварија, има што да се види.

Најинтересно од се ми беше што добив можност да си поиграм со OLPC-то и да слушнам некои работи за неговиот развој, и првиот пилот проект во Нигерија од човек кој што е директно вклучен во групата на луѓе што работат на овој проект. Лаптопот за секое дете е револуционерен уред кој што тек ќе почне да го менува светот. Мислам дека македонската заедница треба да вложи повеќе напори за да ја пренесе приказната за OLPC до македонската влада и институциите и се останува да се надевам дека преку некои активности на 2с.мк во брзо време ќе почне да се делува на ова поле.

 
                                                    OLPC

Во меѓувреме доколку некој е заинтересиран може да се вклучи во овој проект, секако постојат повеќе начини. Сите информации можете да ги најдете на викито на laptop.org. Откако ќе дознаете како можете да придонесете ќе треба да пополните еден формулар кој што се наоѓа на laptop.org во делот „Contribute“ и тоа е тоа.

Отворив и блог кој што планирам да го наполнам со информации за OLPC на македонски па ако има некој што сака да помогне нека ми пише.

Друга интересна работа што ја слушнав беше тоа дека во Нигерија, не само децата, туку и родителите им се радувале на лаптопите. OLPC-то има вградени две доста јаки сијалички кои што се вклучуваат за да може да се гледа тастатурата ноќно време. Постарите нигеријци ова го искористиле на начин кој што сосема ги изненадил луѓето што работеле на дизајнирање на лаптопот - го закачувале лаптопот на шајка во колибата и го користеле како сијалица. :)

OLPC rulz. I'm super serial.


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.