Архива за декември, 2007

понеделник, декември 31st, 2007

Ubuntu насекаде

Од кога сум дојден во Скопје инсталирав и потсредував Ubuntu на едно 15 машини. Ми се нема јавено ни еден од тие 15 луѓе да ме праша за било што што е валјда доказ дека се им работи како што треба. Ова кажува доволно за Ubuntu. Едноставно работи.

Лошата страна е што се уште не стигнав да го инсталирам на мојот лаптоп и да го преинсталирам на PC-то (од soon-to-be-doomed на новиот здрав диск).

И за крај, Ubuntu е толку популарно што почна да се појавува и на ромските ар-ен-би спотови на ТВ Шутел. Еве го и доказот. RNBuntu:

 

Иако се сомневам дека дечкото пее за „хуманост кон сите“. ;) 

вторник, декември 25th, 2007

GHOP напредок

Поминaa 10 дена откако го објавив првиот пост за преведување на македонската документација за GNOME (како дел од GHOP). Сега за сум прилично задоволен од пријавените ученици и резултатите. Досега се пријавија 3 ученици кои што работат на локализација на документацијата за gnome-panel, gnome-utils и evolution. Двајца од нив се при крај со задачите и наскоро треба да отворам и нови за останатиот дел од документацијата.

Под мое и под туторство на Јове сега за сега работите се одвиват нормално, па да се надеваме дека во 2008 ќе успееме да ја локализираме и документацијата за GNOME. Целта е покрај работната околина да имаме и целосно локализирана документација - дополнителна мотивација ни е тоа што сите училишта во Македонија ќе користат Ubuntu со GNOME, желбата ми е исполнета и ќе бидам многу среќен ако тоа не се промени. :)

Ако има некој ученик што сака да се пријави за GHOP или пак било кој друг што сака да му се приклучи на тимот, слободно контактирајте го Јове или оставете коментар на постов.

четврток, декември 20th, 2007

LPI сертификација

Во неколку навратни последниве 2-3 недели различни луѓе ми зборат и ме прашуваат за LPI и каде можат да најдат матерјали за него. На PC-во дома си најдов цел директориум со матерјали за LPI. Ги спакував и ги ставив тука

Со среќа, ако полага некој. :)

понеделник, декември 17th, 2007

Ново за GHOP

Го ажурирав и претходниот пост поради тоа што постот беше пријавен на кајмак.от

Отворив две задачи, старата е тука (локализација на документацијата за gnome-panel и gnome-utils) и новата тука (локализација на првите 500 стринга од документацијата за Evolution). Ако има заинтересирани ќе отворам уште задачи за допреведување на документацијата на Evolution.

сабота, декември 15th, 2007

GHOP за GNOME на македонски

GHOP (Google Highly Open Participation TM Contest ) им овозможува на учениците од средните и основните училишта во Македонија да научат како да придонесуваат во заедницата на корисници на слободен софтвер, да си го повежбаат англискиот како и да научат некоја нова работа на компјутерот, нешто што ќе им користи во иднина во животот. За сето ова Google доделува награда од 100 долари и GHOP маичка за сите учесници.

Пријавив задача за преведување на македонската документација на GNOME, конкретно модулите gnome-panel, gnome-utils и evolution. Ако сте најавени на gmail можете да и додадете ѕвездичка на задачата, па ве молам направете го тоа, нема да ви одземе повеќе од минута време.

Целта на GHOP е младите да научат како функционира заедницата и да ја завршат својата работа со помош на заедницата, значи да комуницираат на поштенски листи да прашуваат се што не им е јасно и со помош на поискусните придонесувачи успешно да ја завршат својата работа. 

GHOP завршува во фебруари, дајте им на вашите деца да прават нешто корисно за зимскиот распуст.

Секако тука сме јас и Јове за секаква помош околу преведувањето и техничкото поставување.

Врска до PO датотеките од документацијата тука.

Update: Отворив две задачи, старата е тука (локализација на документацијата за gnome-panel и gnome-utils) и новата тука (локализација на првите 500 стринга од документацијата за Evolution). Ако има заинтересирани ќе отворам уште задачи за допреведување на документацијата на Evolution.

среда, декември 5th, 2007

OLPC.мк во живо!

Го земав светиот лаптоп и го носам во Точка наредната недела. :)

00019.jpg

Бидејќи се работи за верзија за тестирање со постар фирмвер моментално пробувам да го освежам фирмверот. Друга работа што сакам да ја направам пред презентацијата во организација на Слободен софтвер Македонија (која што ќе биде прописно најавена каде и да е) е да пробам да го користам USB стикот како swap простор за да го убрзам Sugar-от односно работната околина за XO.

Се надевам дека ќе го средам до презентацијата каде што и ќе кажам збор-два општо за лаптопот и нешто  повеќе околу неговите технички спецификации и можности.


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.