среда, јануари 30th, 2008
Архива за јануари, 2008
недела, јануари 27th, 2008
Темна тема
Пробував неколку темни теми за GNOME денес и дојдов до овој изглед:
Добро е што боите за GTK темата можат да се менуваат и може да се стигне до некој прифатлив изглед. Највеќе ми смета што не ја приметувам разликата помеѓу табовите во Firefox и што не можам да го сменам фонтот на сите што ми куцаат во Pidgin.
На прв поглед изгледа многу привлечно, ама осеќам дека ќе се вратам на старата добра Clearlooks тема штом ќе ми почне работниот ден утре.
Како и да е, ако некој сака да ја проба темата се вика ClearLooksDark.
сабота, јануари 26th, 2008
GNOME Love
Веќе недела дена со Јове работиме на локализација на новите GNOME апликации кои што треба да бидат објавени некаде во март заедно со новата верзија на GNOME - 2.22. Ако има некој што сака да помогне може да ја погледне страницава.
GHOP се покажа како успешна работа, двајца средношколци земаа и завршија 50% од преводот на документацијата за клиентот за е-пошта, Evolution, откако ќе ги прегледам и спојам двете датотеки ќе ги качам во SVN.
Уште еднаш отворено упатувам повик до сите заинтересирани да помогнат со локализацијата на документацијата и интерфејсот на GNOME 2.22. Да ја покажеме нашата љубов кон проектот GNOME и да возвратиме со тоа што ќе им овозможиме на повеќе луѓе да го користат GNOME на својот мајчин јазик.
ПС Сега волонтерски рмбаме и за сите ученици кои што добија нови компјутери со Ubuntu и GNOME, па ете наоѓам утеха во тоа што децата ќе имаат можност да користат софтвер на македонски.
вторник, јануари 15th, 2008
Менаџирање на време
Или како и да се преведува.. „Time Management“.
Денес завршив со читање на една многу интересна и корисна (барем за мене) книга насловена „Time Management for System Administrators“ (врска до Amazon) од Томас Лимончели. Книгата е одлична за сите што работат во ИТ индустријата вклучувајќи ги и програмерите и мрежните администратори (не му обрнувајте внимание на насловот).
Авторот го објаснува својот систем за работа и менаџмент на времето наречен „The Cycle“ како и неколку пропратни техники и совети за успешно преживување на секојдневните проблеми и избегнување на стресот со кој што се судираат систем администраторите во денешно време. Ми се допаѓа тоа што циклусот („The Cycle“) е целосно отворен систем кој што можете да го применувате каков што е но и да го менувате според вашите потреби, што е баш она што на мене ми требаше.
Можеби на прв поглед изгледа како америчка реклама 0-800-менаџирајте-си-го-времето-успешно но ве уверувам дека книгата е навистина корисна и забавна со доста user-friendly стрипчиња кои што со сигурност ќе ве насмеат.
Не би било лошо книгава да се додаде на листата на желби за библиотеката на 2с.мк.







