Архива за февруари, 2008

среда, февруари 27th, 2008

more GNOME goodies…

Еден од моите колеги вчера се врати од FOSDEM и се што добив беше маичка со следнава слика:

gnome-equation.png

Се радувам ко мало дете значи на подароциве… :D

Кога сум веќе кај GNOME, благодарение на Јове и мојот скромен придонес повторно имаме целосно преведен GNOME на македонски јазик. 

Како што вели и страницата на викито, преостанува Anjuta-та која што моментално ја работи Павле од Лугола, но ако има некој друг што има желба да помогне околу ова нека дигне два прста. Помошта е секогаш добредојдена, а за оваа верзија посебно за тестирањето на преводите.

Како можете да го тестирате македонскиот превод на GNOME?

Постојат неколку начини:

1. Преземете ја последната верзија на GNOME Developer Kit.

2. Избилдајте го GNOME на вашиот систем со помош на Jhbuild.

3. Инсталирајте некоја testing/unstable верзија на вашата омилена дистрибуција, јас би ги предложил Fedora и Ubuntu (со тоа што во Ubuntu морате рачно да ги искомпајлирате преводите, сега за сега).

Ако ви треба помош за било која од овие три работи слободно оставете коментар или контактирајте ме, ќе се обидам да помогнам колку што можам.

Love your Desktop. :)

среда, февруари 20th, 2008

Да нѐ не?

 

Аха!

http://xkcd.com/386/.

вторник, февруари 19th, 2008

Темна тема 2 (Mariux)

Новата тема која што и официјално треба да биде испорачана со Ubuntu Hardy.

 mariux 03

 mariux 02

 mariux 01

Во комбинација со Compiz ефектите изгледа многу добро. Фонтовите и полињата се со погодени бои овој пат. Се е читливо и функционира, се гледа дека пазеле ептен и на најситните детали а посебно ми се допаѓа ефектот за избирање кога ќе дојдете над некој предмет во било кое мени.

Доаѓа со позадина, GDM тема, конфигурациска датотека за Compiz и упатство за менување на изгледот на Firefox.

Прифатливо.

вторник, февруари 12th, 2008

Незадолжително ембарго

Пробав да префрлам пари во банка во Македонија пред некој ден и 5 пати ми се појави прозорецов: 


Не знам дали е ова нешто заостанато или уште сме предмет на незадолжително ембарго. Плашете се кога префрлате пари во Македонија, или пак не префрлајте воопшто. WTF?


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.