петок, април 25th, 2008
Ubuntu 8.04 и Ubuntu во Македонија
Како што можеби повеќето од вас и веќе знаат, денес беше објавена новата верзија на Ubuntu 8.04 (Hardy Heron). И оваа верзија доаѓа со солидни подобрувања и подобрен македонски превод. За тура низ новите подобрувања кликнете тука. За жал се уште има некои преводи кои што не се влезени во официјалните последни пакети за 8.04 но истите би требало да бидат додадени уште веднаш со наредната надградба на пакетот кој што ги содржи македонските преводи.
Што се однесува до грешките, досега успеавме да најдеме само една која што некако ни се протна при тестирањето. Се работи за Nautilus. Кога сакате да ископирате папка која што содржи датотеки, Nautilus се рестартира. Проблемот беше во преводот а веќе го лоцираше и го поправи, Јове д мен. Фала Јове!
Повеќе околу тоа како да го решите овој проблем тука.
Ако кликнавте на последната врска приметивте дека води до форум за Ubuntu на македонски јазик. Форумот се вика „Ubuntu за Македонија“ и е дел од идејата што ја имав од поодамна за отворање на некоја нова средина на интернет каде што би можеле да се сретнат поискусните корисници со почетниците, секако за да им помогнат. Голема благодарност до Стама и Новица што помогнаа околу преведувањето на форумот, но се уште ни е потребна помош во тој домен, така да доколку сакате да помогнете да ги расчистиме преостанатите проблеми, регистрирајте се и пријавувајте грешки во одделот „За Форумот“. Сега за сега би сакал со помош на заедницата да пробаме да го направиме овој форум што е можно попријателско и поинтересно место на интернет за сите заинтересирани, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.

Сакав да напишам еден подолг пост на оваа тема каде што сакав подетално да ги образложам моите идеи за започнување на овој форум но и тоа ќе го оставам тоа за понатаму.
Во меѓувреме, симнете си го новото Ubuntu или пак надградете го од локалното огледало.
Ако имате било какви проблеми, прашајте на форумот.










