Архива за мај, 2008

четврток, мај 29th, 2008

RevolutionOS во Точка – Афтермат

Освен јас, Миша, Стама, Новица, Дамјан и Владо не дојде никој. Сите го имаме гледано филмот по 50 пати. Требаше да дојдете и да донесете некој со вас. Сите што го читате постов а не дојдовте – тапа сте! А се кладам дека ќе доевте ако имаше бесплатно пиво… тука ја имаме утнато работата.

вторник, мај 27th, 2008

RevolutionOS во Точка – 28.05.08

Конечно. Трубам две години да се пушти филмов во Точка па и на СЗ претходно, не за оние што веќе знаат што е слободен софтвер туку за оние што не знаат.

revolutionos.jpg

Филмот е одличен, лесен за разбирање, содржи се што ви треба за да разберете what is all the fuzz about. Значи ако ве интересира што е слободен софтвер, зашто е корисен за светот, дали програмерите што пишуваат слободен софтвер добиваат плата и како функционира сето тоа, повелете утре во културниот центар Точка во 20 часот.


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.