Архива за јуни, 2008

понеделник, јуни 30th, 2008

Корумпирана полиција

Се вратив во Брно, Чешка. Идам на забар. Влагам, здраво, здраво.. и почиња:

Докторот чех: Од кај си?

Јас: Од Македонија.

Докторот: Па ја од таму идам, вчера бев таму.

Јас: Стварно?

Докторот: Да, бев на одмор во Грција, и на враќање ме застана полиција и ми бараа 300 евра.

Јас: Стварно?

Докторот: Да, не направив никаков прекршок возев 100 каде што беше дозволено 120. Ми бараа 300 евра или ми рекоа дека нема да ме пуштат. Чекавме некое време и ми рекоа: „Ај дај колку имаш и оди си“. Им дадов 30 евра и ме пуштија.

Јас: Што бе јас?! Што да му кажам на човекот, пропаднав од срам ради некој локален шериф што им зима пари на странци кога поминуваат низ Македонија, и после туризам, епа ќе сонуваме за развој на туризмот со корумпирана полиција.

Случаен настан затекнав на една скопска улица во центар. Пајак и полицаец со крајслер. Пајакот веќе ја беше закачил колата и таман да ја дигне улетува еден дизел со двајца другари, вади мобилен, му врти на некој и му го дава мобилниот на полицаецот (кој што седи во кола). После 1 минута, правдање, дигање раменици, веројатно и извинување дизелот го добива телефонот назад и полицаецот му вика на човекот со пајакот да ја откачи колата. Дизелот си иде со задоволна фаца на лицето.

Татко му, или кој и да беше на другата страна на линијата е толку јака фаца што може да му рече на полицаец, пушти го син ми, а нема 1500 денари да си плати поштено како што си плаќа секој граѓанин што ќе паркира погрешно и ќе му ја дигнат колата. Јако.

Некои работи изгледа воопшто не се менуваат.

вторник, јуни 17th, 2008

Журка!

Конечно:

  • Прес. √
  • Налепници. √
  • Торта. √
  • Диџеј. √
  • Опрема. √

Утре во Точка во 20:00, да го прославиме излегувањето на Firefox 3.

Голема благодарност до сите што го овозможија ова издание на македонски, како и до сите што помогнаа да се организира забавата.

И не заборавајте да го преземете Firefox 3 за некој час!

четврток, јуни 12th, 2008

Нивната кирилица

Требаше да го напишам ова уште пред две недели кога бев буквално шокиран од она што го збореа и она што планираат да го прават луѓето позади кампањата „Мојата кирилица“ и експертите пред умирање што ги имаа собрано на трибината на која што требаше да се зборува за „Кирилицата и информатичката технологија“. Велам требаше бидејќи се збореше сè, само не за реалните проблеми со кои што се соочуваме кога станува збор за кирилицата и информатичката технологија.

Најголемиот проблем е тоа што сите они ни од далеку не го разбираат проблемот. А ако не го разбираш проблемот, како ли ќе го решаваш?!

Многу добро прашање, заебана ситуација, ама ете они си имаат увртено у глава дека ќе напраат поубава замена за Mac C Swiss и со тоа решиле сè.

Да почнам од почеток за трибината. Дојде министерот за информатичко општество, даде изјава: Владата ја поддржува оваа кампања и ќе направи се што може за да се реализираат целите, бла бла бла… Стана си отиде човекот, не знам дали поради тоа што беше свесен со кој си има работа и сакаше побрзо да избега од нив или пак едноставно му рекле да се појави и да си оди.. како и да е, си отиде. Дискусијата продолжи. Збор почнаа да добиваат разни писатели, уметници, професори што воопшто се сомневам дека имале некаков контакт со компјутери, далеку од тоа дека беа експерти за кирилица и ИТ. Некој си писател читаше 5 страни поезија.. „О кирилицо наша убава, ти си нашиот идентитет, ти си ни сè без тебе изгинавме“ - времетраење: 15 мин, луѓе почнаа у несвест да паѓаат. Потоа се збуфтаа уметниците со некоја фаца теткица од институтот за македонски јазик која што дошла да им каже на сите да си ја гледаат својата работа, али успат да ги консултирале нив за сè што прават, иако вратата им е затворена за секој надвор од нивниот смрден институт - тоа се докажа и на самата трибина кога една професорка спомна дека кога сакала да сорабутва со нив на некој проект ја изигнорирале, истото им се има случено на разни поединци и организации така да мислам дека ви е јасно колку се отворени за соработка мангите од институтот.

Карши нас, претставници на Мајкрософт Македонија, (фор д рекорд: партнери во кампањата!), кои што воопшто не се свесни (или можеби ги заболе) за проблемот со системската кирилица во нивните производи. Значи вистинскиот проблем, проблемот што го има системска поддршка за кирилица во Microsoft Windows (2000/XP/Vista) е реалниот проблем кој што го има Македонија со информатичката технологија и кирилицата и тоа е проблемот што треба да го решаваме. Проблемот е дека системската поддршка за кирилица на Windows не ги поддржува сите знаци од македонската азбука и факт е дека Micorsoft воопшто не се потрудил да го реши овој проблем.

Од друга страна пак, Слободен софтвер Македонија досега во неколку наврати укажа дека овие проблеми се решени во GNU/Linux, системската поддршка е целосна, и без проблеми можат да се користат сите знаци од македонската азбука, било тоа да се печатени или ракописни букви.

Значи една дистрибуција на GNU/Linux како што е Ubuntu, за 0 денари го имаше решено проблемот на информатичката технологија и кирилицата уште пред воопшто да им текне на двајца диносаоруси да организираат кампања за решавање на проблемот со кирилицата во Македонија.

На трибината отидов со Дамјан кој како претставник на 2с.мк беше дојден да го презентира решението за кирилицата во слободниот софтвер. 15 мин презентација за повторно да се вратиме назад на бош муабетите за идентитетот, кој бил поважен, дали уметниците или јазичарите и други дебилни теми кои што не одалечија од темата и од она кое што го претстави Дамјан како решение на реалниот проблем.

Ќе правиме фонт, како пред 15 години, и таму и ќе се вратиме со него.

Го пишувам ова за да се знае дека позади оваа кампања не стојат луѓе со здрав разум и свест за идентификување и решавање не реалните проблеми. За жал тоа се луѓе од една генерација која што најверојатно треба да изумре за да можеме да направиме нешто добро за нас.

понеделник, јуни 9th, 2008

Пишувај и добиј маичка „Ubuntu за Македонија“!

Слободен софтвер Македонија доделува 20 Ubuntu маички на сите оние кои што ќе исполнат барем еден од двата услови наведени подолу:

1.
Да решите 2 постоечки проблеми на форумот или пак да напишете 4 решенија за постоечки проблеми во последната верзија на Ubuntu (Hardy). Не е важно како ќе го направите тоа, значи можете да напишете целосно ваше решение, да го преведете од некој странски форум или сл.

2. Да напишете 1 детално упатство за извршување на одредени задачи на Ubuntu (пр. компајлирање на кернел, поставување на Ekiga, поставување на Evolution, инсталирање на додатни апликации, печатење/уредување/спремање презентации во OpenOffice.org итн.). Едноставни упатства од типот на „манипулација со датотеки (копирање, бришење, креирање датотеки)“ нема да се сметаат за доволни.

Еве и како изгледа маичката:

Повеќе информации на форумот.

Со среќа! :)

PS Оние од вас што ја следат поштенската листа на ossm-members знаат дека викендов поднесовме апликација за регистрирање на македонски локален ubuntu тим. Повеќе за ова можете да прочитате тука. Секако, сите заинтересирани се добредојдени да му се приклучат на тимот.

недела, јуни 8th, 2008

Нешто добро од Pidgin

Поддршка за звук и видео за GoogleTalk (XMPP).

Ако има некој заинтересиран нека ме пингне. Aјде истапете храбри бета тестери! :)


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.