Архива за јули, 2008

недела, јули 6th, 2008

Локализација на GNOME 2.24

До 1ви септември треба да завршиме со локализацијата на новата верзија на работната околина GNOME. Како што поминува времето се помалку и помалку време имам да ги одржувам модулите на кои што работев изминативе 6-7 години, но сепак ќе се потрудам и за оваа верзија да ги средам оние поважните како што се nautilus и rhythmbox. 

Како единствени постојани членови на тимот GNOMK со Јове се договоривме овој пат да завршиме што е можно побрзо со новите низи и повеќе да се фокусираме на подобрување на квалитетот на преводот, значи менување на погрешно преведени термини, поправање на печатни грешки и слично, да ги ставиме во ред некои од термините за кои што дефинитивно сè имаме сложено дека мора да се менуваат (некои од нив според оние во Firefox – кој што може да се издвои како програма со најконзистентен превод на македонски јазик, фала Mozilla.мк!).

Доколку има некој што сака да помогне, може слободно да остави коментар овде или пак да не контактира мене или Јове на било кој друг начин. 

Највеќе помош е потребна околу пријавување и поправање на грешки а овој пат и со неколку дополнителни интересни програми како што се Brasero и F-spot.

GNOME е работната околина која што најверојатно од септември ќе се користи во сите училишта каде што владата стигна да ги проработи компјутерите со Edubuntu, па мислам дека ќе биде доста корисно за сите идни генерации да имаат квалитетно преведена работна околинa (секако доколку се случи машините понатаму да бидат надгрaдени).

PS Најверојатно ја имаме изгубено базата од стариот gnome.linux.net.mk сајт, па доколку има доброволци да помогнат околу изработка на нов сајт за тимот и активностите на кои што работиме нека ме контактираат.


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.