Архива за декември, 2008

четврток, декември 25th, 2008

Зошто младите се апатични?

Текстот е изјава дадена за радио Слободна Европа од страна на Кире Василев од Движењето за социјална правда – Ленка. Целосно се сложувам со Кире и текстот во целост го пренесувам тука со цел да го прочитаат што повеќе луѓе.

Слабото познавање на своите политички и институционални права, како и отсуство на партиципативна политичка култура, ги прави младите луѓе да се апатични и да не се борат за она што го заслужуваат. Постојаната комерцијализација на образованието уште повеќе придонесува за тоа. Наместо да креира млади критички умови и да воспоставува нови свежи идеи, образованието креира и има дава предност на конзервативните вредности и патримонијалната политичка култура каде секогаш се чека на другиот да ги реши проблемите, и тоа по пат на апсолутен конформизам. Само со конформизам може да се постигне некаков успех.

За жал, овие негативни вредности се станати дел од еден систем, кој многу ретко или воопшто не се преиспитува. И кога некој млад човек ќе се дрзне да го преиспита, тогаш големи се шансите да биде загрозено некое негово право: било тоа губење на работно место, губење на место во студентски дом итн, итн. Тука и институциите на системот многу потфрлаат и не ги штитат нашите права.

А од друга страна, естаблишментот, постојано ги крати младинските права, се влошуваат работните услови и работничките права, им се укинуваат медиумите, јавното здравство се руинира a младите се делат на база на партиска или етничка припадност со помош на што им се одвлекува вниманието од нивниот социјален стандард и животните услови. Така младите стануваат сомничави кон секоја група која е наводно различна од нивната, и иако делат ист социјален статус, не се солидаризираат со нивната генерација и нивните проблеми.

недела, декември 21st, 2008

Дедо мраз

Не би го напишал подобро од што е објаснето во овој блог пост.


GNU GPL License

Содржината на овој блог е објавена под GPL лиценцата, верзија2. За пократко објаснување кликнете тука.